Запознајте го нашиот тим

Д-р. М-р. Набил Болис-магистар по орална хирургија

Д-р. М-р. Набил Болис– има завршено Стоматолошки Факултет во Скопје во 1980 година  и е првиот Магистер по орална хирургија од 1988 година на Стоматолошкиот Факултет во Скопје.

Toj jа основа стоматолошката ординација  “ПЗУ – Тереза” во 1990 година во Скопје која е една од првите приватни стоматолошки ординации во С.Р.Македонија.Својата приватна ординација ја опреми според највисоки светски стандарди. Праксата што ја воведе во долго годишното работно искуство ja пренесе на својата ќерка др. Тереза која што во 2010 година самостојно отвори стаматолошка поликлиника со подружница ‘’ ПЗУ Лука Дент” каде што ја применува визијата на својот татко и унапредување на технологија и знаење по светски стандарди.

Нашиот тим

Спец. Д-р. Тереза Болис-Ѓуриќ

специјалист по примарна стоматолишка здравстевена заштита и спесијалист по ортодонција

Има завршено на Стоматолошки Факултет во Скопје 2004 година. Д-р. Тереза е високо квалификуван стоматолог, пријателски настроена кон пациентите. За повеќето пациенти посетата на стоматолог е стресна, таа се стреми да создаде удобна и пријатна атмосфера. Стоматологијата за нејзе не е само работа, туку и нејзина страст, обезбедувајќи високо ефективна услуга.

Д-р. Розе Стоиловска

Д-р. Розе Стоиловска – има завршено на Стоматолошки Факултет во Скопје 2010 година. Д-р. Розе е од самите почетоци во ординацијата ПЗУ Лука Дент, висок професионалец и нејзиниот пристап и грижа за пациентите се темели на задоволување на сите барања и потреби на пациентите и нивно детално информирање. Гради силен однос со пациентите и одвојува време да ги објасни стоматолошките процедури со јасни и концизни термини.

Спец. М-р. Д-р. Оливера Терзиева-Петровска

спесијалист по ортодонција

Магистар од областа на оралната патологија и специјалист по ортодонција. Има завршено на Стоматолошкиот Факултет во Скопје во 2011 година . Aнгажирана e како надворешен соработник на универзитетот ,,Гоце Делчев” во Штип за спроведување на теоретска и практична настава на студентите по дентална медицина. Д-р Оливера е врвен професионалец кој детално се запознава со секој пациент и неговите уникатни потреби притоа обезбедувајќи најдобар стоматолошки третман. За секој пациент подготвува персонализиран третман со понуда на најдобрата услуга.

Стоматолошки асистент Марјана Павлеска

Одличен прием на пациентите, придружувајќи ги и обезбедувајќи им пријатна атмосфера од приемот па се до нивното заминување.

Стоматолошки асистент Мирсада Факиќ

Долгогодишно искуство во областа стоматолошки асистент им овозможува на пациентите пријатен престој во нашата стоматолошка ординација.

Имате прашање? Побарајте не!

+389 75 350 866

+389 75 350 866

Имате прашање?
Побарајте не!