Што е имплантологија?

Имплантологијата е најсовремената област во стоматологијата која се занимава со целосна реконструкција и замена на изгубените заби и структури на вилицата.Поставувањето имплант е рутинска процедура која трае околу триесетина минути, е целосно безболна и се изведува под локална анестезија.

Забните импланти се апсолутно биокомпатибилни со околното ткиво и целосно се врзуваат за вашата коска. Алергиските реакции се сведени на минимум, како и можноста за отфрлање на имплантот од страна на вашето тело.

Ако сте се одлучиле за терапија која вклучува вградување на забен имплант, првиот чекор е 3D рентген, кој ни дава тридимензионална слика на вашата вилица (висина, ширина, должина, густина и положба на важни анатомски структури како што се нервите и синусите). Се врши анализа на 3Д сликата, при што хирургот ја констатира состојбата на вашите коски и врши компјутерски мерења, со цел да утврди дали сте кандидат за забни импланти.Од кога ќе договориме за видот на работа со хирургот, тој ја избира големината на забните импланти според димензиите на вашата вилица.

Од имплантацијата до комплетно интегрирање на имплантот, потребни се 4-6 месеци за целосно да се интегрира имплантот во коската на вилицата. За тоа време може да се направат привремени протетски реставрации.