Што е дентален туризам?

Во Македонија, стоматологијата го има достигнато највисокото нивото на модерните технологии и методи за лечење на забите, и се користат најсовремените стоматолошки алати и опрема. Покрај тоа, цените на стоматолошките услуги во Македонија се многу поповолни во споредба со многу други земји во Европа и светот.

Гранка на медицински туризам наречен дентален туризам вклучува одење надвор од својата земја за користење на стоматолошки услуги и често вклучува мини-одмор. Така се збогатувате со ново искуство и нова насмевка во исто време, додека се одморите од вообичаеното секојдневие, а дополнително, цените на стоматолошките услуги се поповолни! Нашата ординација им нуди на туристите таква услуга од врвна класа по поприфатливи цени. Стоматолошката ординација Лука Дент во текот на своето долгогодишно постоење угости многу пациенти од странство и им ја обезбеди стоматолошката услуга што ја бараа, под најдобри услови.

Закажете веднаш!

Како функционира денталниот туризам?

Комуникацијата преку е-пошта се покажа како најдобар избор во контакт со нашиот тим. Практиката е да испратите опис на вашиот проблем, желби, планови и прашања по е-пошта. Како дел од поштата задолжително е да се испрати 3Д снимка на двете вилици за да се има подобар увид во анализата на анатомските структури т.е. состојбата на вашите заби и коски. По детална анализа, нашиот тим ќе подготви процедура за лекување и ќе ги предложи сите можни  опции (ако има повеќе). Ќе ви ја објасниме целата процедура, кои интервенции се потребни, времетраењето и објаснувањето на секоја интервенција, колку посети се потребни и за кое време би се изработило и секако проценетите трошоци за целиот третман.

Исто така ординацијата Лука Дент на пациентите од странство им нуди бесплатен транспорт од аеродом, а воедно ви нуди бесплатно сместување во центарот на Скопје во преубава и топола атмосфера.

Уживањето во Македонија нека ви биде незаборавно искуство и убава насмевка која што ќе ја однесете во својата замја.

Закажете веднаш!