Зошто е важна дигиталната рентгенографија?

За да можеме да подготвиме план за создавање на вашата нова насмевка, прво треба детално да ја анализираме моменталната состојба на вашите заби. Денес современата стоматологија е незамислива без панорамската ренген слика на забите и вилиците. Снимањето на забите треба да биде првиот чекор во дијагнозата и понатамошен третманот на различните патолошки промени на забите, виличните коски и лицевите коскени празнини. Само со ваков пристап се постигнува целосен, одличен и траен резултат во лекувањето на пациентот. Поголем дел од промените кои се локализирани во внатрешноста на забите или во коските, а кои не ќе можат да се забележат без рентген панорамикс слика. Досегашната пракса покажува дека кај поголем дел од пациентите се откриваат случајни наоди кои дотогаш не предизвикале потешкотии кај пациентот и кои лекарот не можел да ги открие при вршењето на прегледот.

Панорамската ренген снимка е неопходна при:

Првиот преглед на пациентот ,протетско, ортодонтско, хируршко планирање и детска стоматологија

Со панорамската ренген снимка би се дијагностицирале следните наоди:

Дијагностицирање на кариес;Дијагностицирање грануломи, цисти, дифузни воспаленија, фокуси, полуимпактирани, импактирани заби,пародонтопатија; деформитети на вилиците (асиметрии, мандибуларен и максиларен прогнатизам, малоклузии); трауми и фрактури на вилиците и забите, тумори на вилиците.

Предност на дигиталната ренгенологија:

  • дозата на зрачење е значително намалена, а прецизноста и дијагностичката вредност се значително зголемени
  • дигиталната слика е веднаш достапна за анализа
  • процесот на снимање трае 10-15 секунди
  • за да се постигне подобра прегледност сликите можат да се дообработат и да се зголемат до максимум за анализирање и на најситни детали
  • електронската архива во компјутер и целосно достапни за работа