Што е Ортодонција?

Ортодонцијата е гранка во стоматологијата која се занимава со корекција на неправилности во развојот на вилицата и растот на забите. Неправилниот раст на забите и асиметријата на вилицата претставуваат естетски и функционален проблем.

Стоматолошката ординација Лука Дент по стручен преглед и разговор со пациентот ќе  направи план на терапија која ќе даде најдобри резултати. Со редовно следење, заедно ќе ги направиме вашите заби правилни и вашата насмевка совршена. Ортодонтските апарати можат да бидат фиксни или мобилни. Нема подобар или полош уред: фиксните апарати имаат свои индикации, а мобилните апарати имаат свои индикации.

Што е фиксна протеза?

Фиксните протези се наменети и за деца и за возрасни и служат за доведување на забите во правилна положба во однос на соседните заби и забите од спротивната вилица. Главно, фиксните протези се носат во комбинација (и горната и долната истовремено), освен малите неправилности, каде што е доволно да се порамнат само еден или два заба.

Фиксниот ортодонтски апарат се состои од туби или прстени кои се поставуваат на првите постојани катници (шестки), брекети кои се залепени на секој поединечен заб и жичени лаци кои минуваат низ централниот жлеб на брекетот.

Што е мобилна протеза?

Овие апарати се наменети за најмладите пациенти кои сè уште растат и се развиваат. Тие можат да бидат само за една вилица (активни плочи) или за двете вилици (активатор, бионатор).Современата ортодонција се повеќе се насочува во користење на системот  Myobrace кој што е полесна варијанта на подвижни апарати. Треба да се напомене дека при носење мобилни ортодонтски апарати, соработката и желбата на детето да го носи апаратот е исклучително важна за терапијата да биде успешна. Протезите се носат минимум 14 часа на ден. Во апаратот има завртка која се ротира во договор со ортодонтот на 7 и 10 дена. Мобилните протези не можат правилно и целосно да ги исправат силно ротираните или инклинирани заби, ниту забите кои пораснале  на погрешно место. За вакви аномалии се користат фиксни ортодонтски апарати.Терапијата со мобилни ортодонтски апарати е генерално првата фаза од терапијата, која ја започнуваме од најрана возраст и ја корегираме положбата на вилиците, по што се поставува фиксен апарат кој ја коригира положбата на забите и ја завршува терапијата. Ако проблемот не се реши на млада возраст, со текот на времето станува потежок.