Што е протетика?
Протетика е дел од стоматологијата што се фокусира на обновување на физиолошката форма на забите и забните редови, оштетени со губење на заб поради кариес, траума, абразија и неправилности во развојот на забните структури.Поради недостаток на поединечни заби, преостанатите заби можат да се расклатат или да се движат кон празниот простор, што доведува до нарушување на правилниот сооднос помеѓу горните и долните заби. Затоа, потребно е навремено да се надомести губењето на забите или забните низови.