Ги советуваме и апелираме сите родители да ги донесат своите деца на „запознавање“ и „дружење“ со својот терапевт, веќе на возраст од 2,5-3 години кога нема потреба за било каков вид на интервенција. На овој начин детето се запознава со стоматолошката пракса како нешто интересно, пријатно и БЕЗБОЛНО. Во практиката Лука Дент, во фазата на „запознавање“, родителите можат да се консултираат со докторите, како најдобро да му помогнат на своето дете и да го обучат да одржува соодветна орална хигиена. Во стоматолошката ординација Лука Дент знаеме да воспоставиме комуникација и да изградиме доверба и добар однос со најмладите пациенти. Поголемиот дел од нашите млади пациенти продолжуваат да ја посетуваат ординацијата самостојно без родители и остануваат верни на својот стоматолог во текот на целиот свој живот. Доколку се уште има потреба од одредена терапија при првата посета, ординацијата на Лука Дент и тимот на лекари обучени за работа со деца, ви нудат вам и на вашето дете низа на максимално безболни и минимално инвазивни методи.
Детска стоматологија - вистинскиот пристап
Услуги во детска стоматологија:
- Едукација за правилна орална хигиена
- Залевање на млечни и трајни заби
- Флуорирање на забите
- Пломбирање и екстракција на млечни заби