Ортодонцијата е гранка во стоматологијата која се занимава со корекција на неправилности во развојот на вилицата и растот на забите. Неправилниот раст на забите и асиметријата на вилицата претставуваат естетски и функционален проблем.
Стоматолошката ординација Лука Дент по стручен преглед и разговор со пациентот ќе направи план на терапија која ќе даде најдобри резултати. Со редовно следење, заедно ќе ги направиме вашите заби правилни и вашата насмевка совршена. Ортодонтските апарати можат да бидат фиксни или мобилни. Нема подобар или полош уред: фиксните апарати имаат свои индикации, а мобилните апарати имаат свои индикации.