Ласерско белење на заби

Што е белење на забите?

Современата стоматологија им овозможува на пациентите да ја реализираат својата желба да имаат поубави, побели и посјајни заби, со што ќе изгледаат помлади и попривлечни. Белењето на забите представува најмалку инвазивна метода при која не се нарушува забното ткиво, а се добиваат побели и посветли заби.

Ова се главните предности на ласерското белење, кое е најефективниот и најбрзиот начин за избелување на забите во споредба со другите методи:

  • Третманот обично е само со една посета на стоматолог.
  • Белењето трае до 40 мин.
  • Резултатите може да бидат видливи подолг временски период па и до две години.
  • Овој вид на третман е целосно безболен.
  • Ласерското избелување на забите не е штетно за забите.
  • Третманот е безбеден за општото здравје на пациентот.

Фасети

Што се фасети?

Забни фасети или винири се трајно протетски реставрации кои совршено ги имитираат природните заби. Нивната задача е да го решат проблемот со неправилните заби. Се поставуваат на предната површина на забите, брзо и удобно, со минимално стругање па дури и во некои случаи и без стругање.

Кога и зошто се вградуваат фасетите?

  • Не ви се допаѓа бојата на забите.
  • Не сте задоволни од формата на забите.
  • Растојанието помеѓу забите ви пречи.
  • Имате проблем со поголемо оштетување на глеѓта.
  • Имате видливи знаци на оштетување на забите.

Доколку имате комбинација од два или повеќе од горенаведените проблеми, што ве тера да не сакате да се насмеете и да сакате целосно да ја промените вашата насмевка, во тој случај топло Ви препорачуваме  фасети кој што безболно се вградуват и се со висок кавалитет.

Чистење на забен камен и полирање

Што е забен камен?

Забен камен се тврди наслаги наталожени на забите. Во основа се состои од калцифициран дентален плак (наслаги на забите). Овој дентален плак се акумулира во текот на денот и е во мека состојба.Проблемот настанува кога овие меки наслаги се акумулираат во подолг временски период . Со текот на времето се јавува нивна калцификација (минерали од плунката, т.е. гингивална течност) и денталниот плак се претвора во забен камен. Ова значи дека секој пат кога ќе го прескокнете четкањето на забите и ќе го одложите, сте изложени на потенцијален ризик за формирање на дентален плак и потоа на забен камен.

Последици од забен камен?

Забниот камен е директен виновник за појавата на парадонталната  болест кај пациентите. Акумулацијата на меки забни наслаги предизвикува воспаление на непцата -гингивитис во првата фаза.Воспалението на непцата кое не е соодветно третирано и калцификацијата на меките наслаги неизбежно доведува до парадентопатија.

Препорачуваме редовна посета на стоматолог на секои 6 месеци. Не мора да имате разнишан заб или болка за да отидете на превентивен преглед.