Што е забен камен?
Забен камен се тврди наслаги наталожени на забите. Во основа се состои од калцифициран дентален плак (наслаги на забите). Овој дентален плак се акумулира во текот на денот и е во мека состојба.Проблемот настанува кога овие меки наслаги се акумулираат во подолг временски период . Со текот на времето се јавува нивна калцификација (минерали од плунката, т.е. гингивална течност) и денталниот плак се претвора во забен камен. Ова значи дека секој пат кога ќе го прескокнете четкањето на забите и ќе го одложите, сте изложени на потенцијален ризик за формирање на дентален плак и потоа на забен камен.
Последици од забен камен?
Забниот камен е директен виновник за појавата на парадонталната болест кај пациентите. Акумулацијата на меки забни наслаги предизвикува воспаление на непцата -гингивитис во првата фаза.Воспалението на непцата кое не е соодветно третирано и калцификацијата на меките наслаги неизбежно доведува до парадентопатија.
Препорачуваме редовна посета на стоматолог на секои 6 месеци. Не мора да имате разнишан заб или болка за да отидете на превентивен преглед.